МВР заплени 44 килограми хероин

Македонската полиција запленила 44 килограми хероин, оружје и минуција во камион кој од Турција преку Грција влегол во земјата. Во акцијата на полицијата се приведени и 8 македонски државјани, изјавила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.