Шефот на Талибанците: Авганистанците да ги прекинат врските со Владата

Лидерот на Талибанците, Мулах Мохамад Омар ги повикал Авганистанците да ги прекинат врските со авганистанската Влада. Во својот инагуративен говор, претседателот Хамид Карзаи изјави дека сака во новата Влада да ги вклучи и поранешните Талибанци кои се спремни да се откажат од тероризмот. Омар повикал Авганистанците да не прифакаат никакви договори со кои ќе се продолжи присуството на странските трупи во земјата.