Друцас:Средбата Папандреу-Груевски не значи директни преговори

Престојната средба меѓу премиерите Јоргос Папндреу и Никола Груевски во Преспа не значи менување , ниту нарушување на процесот за решавање на разликите околу името, изјавил заменик министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, при вчерашното обраќање пред Комитетот за надворешни прашања на грчкиот Парламент. Тој изјавил дека неформалната средба е доказ дека двајцата премиери му даваат големо значење на проблемот, но дека тооа не значи директни преговори. Друцас повторил дека решавањето на името е услов за старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. И грчкиот претседател Карлос Папуљас порачал Скопје да го изостави „македонизмот“, во спротивно вратата на НАТО ќе остане затворена ,а процесот за членство во ЕУ замрзнат.