САД не ја потпишуваат конвенцијата за забрана на нагазни мини

Американската претседателска администрација нема да ја потпише 10- годишната меѓународна конвенција за забрана на употреба на нагазни мини. Портпаролот на Стејт департменот Иан Кели вели дека Вашингтон останува на својата политика за користење мини. Земји кои исто така не сакаат да ја потпишат оваа конвенција се и Кина, Русија и Индија. „Отава“ конвенцијата која предвидува забрана на употребата, производството и транспортот на нагазни мини е потпишана од 159 земји во последниве десетина години.