Бројот на аџии помал поради новиот грип

Во светите градови Мека и Медина се очекува да пристигнат 2,5 милиони муслимани кои го завршуваат аџилакот. Бројот на аџии годинава значително е помал во однос на другите години заради новиот грип Х1Н1. Во Саудиска Арабија се преземени дополнителни мерки за заштита и превенција од болеста.