Обама:наскоро нова стратегија за Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама изјавил денеска дека наскоро ќе ја објави стратегијата за Авганистан која ќе има за цел да ја заврши работата во таа земја по 8 годишната војна. Обама и неговите блиски соработници вчера имале работна средба на која се дикутирало дали да се испратат повеќе американски војници во Авганистан.Генералот Стенли Меккристал кој е командант на американските и на НАТО силите во Авганистан, побара дополнителни 40 илјади војници за справување со милитантите во Авганистан.