БиХ е во ќорсокак, оцени Советот за Безбедност

Советот за Безбедност на Обединетите Нации оцени дека политичката ситуација во Босна и Херцеговина е во ќорсокак. Во расправата по повод извештајот на високиот претставник во Босна, Валентин Инцко, за таквата ситуација се наведени две причини – конфузијата во Република Српска во врска со карактерот на државата, како и конфузијата во двата ентитета во врска со сфаќањата за целовитоста на државата. Државата е на крстосница, а лидерите треба да решат дали се подготвени да ги исполнат условите за евро-атлански интеграции, оцени Инцко.