Вонредна состојба во две провинции на Филипини

Во напад врз изборна поворка на островот Минданао, на Филипините, биле убиени 35 луѓе, соопшти полицијата. Се претпоставува дека околу стотина вооружени напаѓачи биле приврзаници на противничката партија на убиените. Претседателката на Филипини Глорија Аројо прогласи вонредна состојба во двете јужни провинции на Филипините.