Словенечката МВР во посета на Македонија

Министерот за внатрешни работи на Словенија Катарина Кресал се наоѓа во официјална посета на земјава. За време на престојот предвидено е Кресал да се сретне со својата македонска колешка Гордана Јанкуловска, а ќе биде примена и од премиерот Никола Груевски. Двете министерки ќе го посетат Центарот за обука во Идризово, каде што Кресал ќе одржи предавање на тема „Визна либерализација“.