Дизниленд парк во Шангај

Кинеската агенција за економско планирање ги одобри плановите за изградба на Дизниленд парк во Шангај. Предвидено е забавниот парк да се изгради во источниот дел на градот во областа Пудонг. Дизни планира изградба на парк во стил на волшебно кралство кој, според претставниците на компанијата, би требало да му одговараат на Шангај.