Познатиот турски затвореник Агџа излегува од затвор

Мехмет Али Агџа - човекот, кој во 1981 година се обиде да го убие папата Јован Павле Втори, а сега издржува казна затвор за убиството на турски новинар и други престапи, на 18 јануари ќе биде ослободен од затвор, соопштил неговиот брат, јавува агенцијата Анадолија.
Во јануари 2006 година, по наредба на турски суд Агџа беше привремено ослободен, но по остро јавно незадоволство истиот месец беше вратен во затвор.Тој за обид за убиство на папата одлежа 19 години во италијански затвор, а во 2000-та беше екстрадиран во Турција, каде беше затворен за убиството на познат турски новинар.