Србија отвори воена база во близина на Бујановац

Србија ја отвори својата најголема воена база во околината на Бујановац, во кризниот реон во близина на границата со Косово пренесуваат светските агенции.Српските власти тврдат дека базата ќе придонесе за обезбедувањето на мирот и стабилноста во регионот, а локаланото алабанско население изјавило дека тоа ќе значи окупација на регионот. Во базата ќе бидат разместени околу 1.000 војници.