Ирачкиот парламент дискутира за Законот за избори

Ирачкиот парламент дискутира за решение на проблемите со Законот за избори, со кој се доведува до прашање одржувањето на изборите закажани за јануари. Заменик претседателот Тариг ал-Хашеми стави вето на Законот, затоа што бара повеќе места во парламентот за сунитските Арапи како него. Пратениците можат да го изгласаат законот со мнозинство или да го вратат на потпис кај претседателот каде Хашеми пак може да му стави вето. Парламентот може да го усвои законот ако три петини од 275-те пратеници гласаат „за“.