Холандскиот министер за правда во посета на Македонија

Холандскиот министер за правда Ернст Хирш Балин денеска ќе ја посети Македонија. Предвидено е тој да се сретне со неговиот македонски колега Михајло Маневски. Во соопштението од Министерството за правда е наведено дека посетата ќе биде искористена за размена на искуства во судските реформи, во областа на трговијата со луѓе и во почитувањето на човековите права.