Воени вежби во Иран

Иран почна воени вежби за одбрана и заштита од воздушен напад на нуклеарните објекти. Државната телевизија
објави дека петдневните вежби опфаќаат област колку една третина од површината на Иран. Командантот на иранската Револуционерна гарда изјави дека иранската воздухопловна одбрана е во состојба да ги збрише израелските воени авиони, ако тие ги нападнат.