Романците избираат претседател на државата

Во Романија денеска се одржува првиот изборен круг од претседателските избори. Иако се натпреваруваат 12 кандидати, анкетите покажуваат дека најверојатно во вториот круг силите ќе си ги измерат досегашниот претседател Трајан Басеску и Мирчеа Џоана. Вториот изборен круг е закажан за 6 декември. На изборите се гледа како на клуч за решавање на политичката криза, по падот на владата пред еден месец. Новиот претседател треба да назначи премиер кој ќе формира нова влада. Басеску откако гласал, изјавил дека денешните избори се едни од најважните избори во Романија, бидејќи Романците имаат моќ да му кажат на парламентот како да функционира и во исто време да изберат претседател