ИРА поставила бомба пред полициска станица во Белфаст

Припадниците на Ирската републиканска армија, поставиле бомба тешка 180 килограми во автомобил кој бил паркиран пред седиштето на полицијата во Белфаст, но рачно направената експлозивна направа не експлодирала, изјавил денеска командантот на полицијата. Тој изјавил дека нападот на полициската станица ќе се земе како напад на целокупниот мировен процес.