Пет нови случаи на свински грип во Македонија

Во изминатите 24 часа, на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се примени 5 нови пацинети за кои се сомнева дека се заболени од новиот тип на грип Х1Н1, соопштуваат од Министерството за здравство.Од примените пациенти, една жена се наоѓа во тешка состојба, велат од Министерството. Во Македонија досега од свински грип почина еден човек.