Во рударската несреќа во Кина загинале 87 луѓе

Бројот на жртвите од вчерашната несреќа во рудник за јаглен во Кина достигна 87, јавила државната новинска агенција Ксинхуа. Според извештаи на агенцијата 420 работници успеале да се спасат. Портпаролот на компанијата изјавил дека уште 21 рудар сеуште се наоѓаат заробени под земја или се водат за исчезнати. Ова е најновата од рударските несреќи во Кина. Очевидците изјавиле дека експолозијата била толку силна што се тресела целата околина а зградите во близина на рудникот делимно се распаднале.