Во Иран воени вежби за заштита на нуклеарните објекти

Иранските сили денеска ќе започнат воена вежба за воздушна одбрана. Генералот Ахмад Мигани изјавил дека вежбата ќе трае 5 дена и ќе има за цел да помогне во одбраната на иранските нуклеарани објекти. Тој исто така рекол и дека ако Русија не им ги достави ракетите С-300 како што е договорено, тие сами се подготвени да си произведат. Воените вежби во Иран се одржуваат во време кога Западот притиска Техеран да го прифати планот на ОН за збогатување на ирански ураниум во странство.