Фудбалски спор меѓу Египет и Алжир

Египетски претседател Хосни Мубарак изјавил денеска дека нема да толерира никакво понижување на египетски државјани во странство, притоа мислејќи на спорот со Алжир како последица на насилство по фудбалскиот натпревар за квалификациите за Светското првенство меѓу двете арапски земји. Алжир го победи Египет а потоа секоја страна ја обвинуваше другата дека таа е виновна за напаѓање на навивачите . Вчера демонстрантите во Каиро фрлаа со камење кон полицијата пред алжирската амбасада. Во нападите беа повредени 11 полицајци