Хаџи Ристевски реизбран за претседател на ФФМ

Досегашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџи Ристески денеска по трет пат е избран на чело на федерацијата.На Изборното собрание, одржано попладнево во Скопје, од вкупно 97 делегати со право на глас гласале 85. Од нив Хаџи-Ристески добил 82, а неговиот против кандидат Благоја Николовски три гласа. За потпретседател на ФФМ е избран Кенан Идризи.