БиХ: 14 години од Дејтонскиот договор

Во Босна и Херцеговина денеска се одбележува 14 годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во која загинаа околу 100 илјади лица и со кој земјата е поделена на два ентитета. Договорот беше потпишан по 20 дневни преговорина кои учествуваа лидерот на босанските муслимани Алија Изатбеговиќ, претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, хрватскиот претседател Фрањо Туѓман и главниот американски преговарач Ричард Холбрук. За многумина аналитичари и учесници во преговорите неспорно достигнување на Дејтонскиот договор е тоа што со него се стави крај на војната, но овој акт и денес е изложен на критика, со постојани барања за негово доградување.