Чавез со пофалби до познатиот терорист Карлос

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез застана во одбрана на терористот Карлос познат под прекарот Чакал, велејќи дека венецуелецот кој се наоѓа во затвор во Франција е важен револуционер кој ги поддржува Палестинците. Чавез го пофали Карлос, чие вистинско име е Илич Санчез Рамирез за време на синоќешниот говор одржан во Каракас. Рамирез стана меѓународно познат во текот на седумдесетите години од минатиот век по серијата бомбашки напади, убиства и киднапирања.