Нема повторување на натпреварот Франција - Ирска

Светската фудбалска федерација, ФИФА, денеска ја отфрли можноста од преигрување на натпреварот меѓу Франција и Ирска. Одлуките на натпреварите го носи судијата и тие одлуки се конечни, се вели во соопштението на ФИФА. Преигрување на натпреварот побара фудбалскиот сојуз на Ирска, наведувајки дека Франција го постигна израмнувачкиот гол по очигледно играње со рака.