Албанија е пред епидемија на новиот грип

Албанија е на прагот на епидемија на новиот грип, изјави министерот за здравство Петрит Васили. Во Албанија има 144 заболени, но само за два дена биле регистрирани 23 нови случаи. Васили ги повика граѓаните масовно да се вакцинираат.