Путин: договорот со Украина гаранција за стабилно снабдување со гас

Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека договорот за исплата на гасот со Украина е гаранција за стабилно снабдувањето со енергија и дека се надева на година во која нема да се случуваат шокови од таков тип. Оваа изјава Путин ја даде по средбата на Јалта со украинската премиерка Јулија Тимошенко, на која таа вети дека Украина навреме и во целост ќе ја исплатува испораката на гас. Спорот околу гасот меѓу Украина и Русија минатата зима остави милиони луѓе во Европа без гас.