Клинтон ја поздрави одлуката на Карзаи за корупцијата

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја поздрави одлуката на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да се бори со корупцијата во земјата. Клинтон за Радио Слободен Авганистан изјавила дека намерите на Карзаи се сериозни. Карзаи во својот инагуративен говор вети дека освен со корупцијата, ќе се справува и со бунтовниците, а ќе му служи и на народот .