Насралах реизбран за лидер на Хезболах

Од радикалната екстремистичка организација Хезболах, соопштиле денеска дека по шести пат за свој лидер го избрале шеикот Хасан Насралах. Од организацијате не соопштиле кога тој е реизбран. Хезболах на секои три години бира лидер, но последните избори се одржаа во 2004-та. Насралах е на чело на Хезболах од 1992.