Казахстан одобри закон за заштита на приватност

Казахстанскиот парламент денеска едногласно го одобрил нацрт-законот за воведување на построги казни за нарушување на приватноста. Претседателот Нурсултан Назарбајев сега треба да го потпише законот за да стапи на сила. Но критичарите велат дека со новиот закон кој предвидува и казна затвор за злосторства против приватноста, уште повеќе ќе се ограничи слободата на говорот. Демократијата, слободата на медиумите и на човековите права, се под интензивен преглед во Казахстан , затоа што земјата се подготвува да претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.