Напади во Авганистан, 12 мртви

Најмалку 10 луѓе загинале, а 13 се повредени денеска во јужен Авганистан, во провинцијата Урузган, соопштуваат од тамошната полиција. Исто така денеска во близина на таа област, во провинцијата Забул загинаа и двајца американски војници, соопштија НАТО силите. Нападите во Авганистан доаѓаат за време на инагурацијата на Хамид Карзаи за втор мандат за лидер на земјата.