Западните сили ја поздравиле инагурацијата на Карзаи

Западните сили позитивно го оцениле инагуративниот говор на Хамид Карзаи. Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибанд изјавил дека Казраи ги сватил пораките што му ги упати меѓународната заедница. Од страна на претставникот на ЕУ во Авганистан, говорот бил оценет како патоказ на вистинскиот пат. А генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен инагурацијата ја опишал како историски настан, но повикал Карзаи да се справи што поскоро со корупцијата во своите редови.