Семенија ќе го задржи златниот медал

Јужноафриканската атлетичарка Кастер Семенија ќе го задржи златниот медал кој го освои летово на Светското првенство во Берлин, на трката на 800 метри, а резултатите со кои ќе и се утврди полот на атлетичарката ќе бидат доверливи. Во соопштененто од Министерството за спорт на Јужна Африак се наведува дека Маѓународната Атлетска федерација дозоволила Семенија да ја задржи и паричната награда.