ОЕСР предвидуваат раст на светската економија

Од Организацијата за економска соработка и развој прогнозираат дека економскиот раст во земјите членки на организацијата ќе се зголеми за 1,9 проценти во 2010-та, но сепак предупредуваат дека растот е премал за да се надмине проблемот со невработеноста. Од Организацијата велат дека Кина и Индија кои не се нивни членки можат да очекуваат економскиот раст да изнесува 10, односно 7 проценти. Тие предвидуваат и раст на руската економија за 4,9 проценти во 2010.