ЕУ избира претседател и шеф на дипломатијата

Европската унија на денешниот специјален самит избира претседател и шеф на дипломатијата. Овие функции се предвидени со Лисабонскиот договор. И покрај неколкунеделните разговори предводени од сегашниот претседавач на Унијата Шведска се уште, според извештаите, немало некои поизвесни фаворити. Пред самитот германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека Германија и Франција не би требало да гласаат еден против друг.