Денеска ќе биде погребан српскиот патријарх Павле

Српскиот патријарх Павле ќе биде погребан денеска попладне во манастирот Раковица покрај црквата на Светиот архангел Михаил. Поворката со телото на патријархот ќе тргне од Соборната црква преку Теразије, каде што ќе се задржи а потоа ќе
се упати кон Храмот на Свети Сава каде што ќе се одржи опело. Српскиот патријарх Павле почина во неделата на 96- годишна возраст на Воено Медицинската академија во Белград.