Македонија -Иран 1:1 во фудбал

Во пријателски фудбалски натпревар попладнево во Техеран македонската фудбалска репрезентација одиграла нерешено со Иран 1:1.Голот за Македонија го постигнал Горан Пандев. По победите над Катар и Канада на домашен терен ова беше трет натпревар во серија без пораз на македонската репрезентација, која игра пријателски натпревари во очекување на противниците за новиот квалификациски циклус кој ќе започне идната година.