Унгарија прогласи епидемија на свински грип

Унгарските здравствени власти денеска прогласиле епидемија поради новиот тип на грип, Х1Н1. Од министерството за здравство изјавиле дека минатата недела биле регистрирани 22 илјади нови луѓе со симптоми на свински грип, што е за 32 проценти повеќе отколку од неделата пред тоа. Според унгарската епидемиолошка служба , епидемија се прогласува откако за една недела ќе бидат регистрирани 20 илјади нови заболени. Во Украина досега од грипот починале 7 луѓе.