ЕУ загрижена за почитувањата на човековите права во Русија

Шведскиот премиер Фридрик Реинфилд денеска изјавил дека ЕУ е загрижена за почитувањето на човековите права во Русија. Рајнфелд, чија земја претседава со ЕУ, на самитот ЕУ-Русија кој се одржува во Стокхолм, се сретнал со рускиот претседател Дмитри Медведев. На самитот се разговарало за човековите права и за владеењето на правото и демократијата во Русија. Медведев изразил надеж дека наскоро ќе биде завршен новиот договор за соработка и партнерство со Европската Унија. Односи меѓу ЕУ и Русија беа нарушени во текот на минатогодишната руско-грузиската војна, а двете страни сеуште преговараат за договор за регулирање на нивните односи.