Груевски во посета на Велика Британија

Велика Британија и понатаму ќе и дава подршка на Македонија во нејзините напори за се интегрира во НАТО и ЕУ, била пораката што му ја пренеле на премиерот Никола Груевски , политичките претставниците од Британија со кои тој се сретнал денеска за време на својата посета на таа земја, јавува МИА. Груевски и претставниците од Министерството за одбрана разговарале и за проблемот со името со Грција.