Германските банки повлекуваат картички од клиентите

Банките во Германија започнале досега најголема акција за повлекување на картичките на своите клиенти, за да ги заменат со нови, бидејќи во Шпанија дошло да масовна кражба на податоците на германските клиенти. Од промет ќе бидат повлечени повеќе од 100 илјади картички „Виза“ и „Мастеркард“.Германските власти не соопштуваат како дошло до кражбата на податоците на клиентите, но велат дека не станува збор само за кражба од една банка, туку од сите поголеми германски банки.