Билт предлага директни преговори Груевски - Папандреу

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт смета дека премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу треба директно да преговараат и да му стават крај на долгогодишниот спор за името. Во изјавата за Дојче Веле, Билт оценил дека суштински е директниот дијалог, а техничката подршка може да ја обезбеди посредникот Метју Нимиц, додавајки дека решението лежи, пред се, во политичката волја.