Друцас во посета на Балканот, освен во Македонија

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас денеска започнува балканска турнеја, при што ќе ги посети Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Балканот е висок приоритет во грчката надворешна политика, а целта е негова европска интеграција до 2014-та, што не е неостварливо, изјави Друцас.