Испораката на гас, главна тема на самитот ЕУ - Русија

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска е во Стокхолм на самитот Русија – Европска Унија, на кој една од главните теми е испораката на руски гас за Европа. Европската Унија и Русија неделава се согласија да формираат механизам за рано предупредување во случај на проблеми со испораката на гас. Европејците очекуваат од Русија и јасен дали Москва планира да се приклучи во Светската Трговска Организација. Русија пак ќе побара од Унијата да ги укине визите за рсуките граѓани.