Продолжува посетата на Груевски на Велика Британија

Македонскиот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во посета на Обединетото Кралство, денеска ќе го посети британскиот парламент и ќе има средба со спикерот на Долниот дом Џон Беркоу. Тој ќе учествува и во економската презентација на можностите за инвестирање во Македонија. Груевски ќе се сретне и со министерот за Европа во британскиот Форин Офис Крис Брајант, со баронеса Тејлор од Министерството за одбрана, како и со Вилијам Хејг, функционер на Конзервативна партија задолжен за меѓународна политика.