Партијата на Хашим Тачи победила во речиси половина општини

Партијата на косовскиот премиер Хашим Тачи е во водство според прелиминарните резултати на првите локални избори во Косово од неговото осамостојување. Партијата на Тачи го освоила мнозинството на гласови во 16 од 36 општини, додека пак Демократската лига на Косово на претседателот Фатмир Сејдиу ја презела контролата во осум локални совети.