Нови 500 словачки војници во Авганистан

Словачка двојно ќе го зголеми бројот на војници во Авганистан, односно ќе испрати уште 500 војници во оваа земја. Словачка се согласила и да укине некои од ограничувањата во врска со тоа на кој начин овие војници ќе бидат распоредувани. Британскиот премиер Гордон Браун на средбата со неговиот словачки колега Роберт Фико ја поздрави оваа одлука на Братислава.