Уште половина од имотот на СФРЈ треба да се дели

Поранешните југословенски републики досега поделиле половина од имотот на СФРЈ, а за поделба на останатата половина ќе разговараат на состанокот кој ќе се одржи во февруари идната година во Сараево, изјавил денеска шефот за спроведување на Договорот за сукцесија, Гашо Кнежевиќ. Тој изјавил дека треба да се подели имот во вредност од 225 милиони долари.