Македонија останува активно вклучена во разговорите за името

Република Македонија останува активно вклучена во разговорите што се водат под покровителство на Обединетите нации и покрај позициите на Грција. Ова е дел од заклучокот од вчерашната средба на државниот врв, по која министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека Македонија очекува од Атина да се придржува до одредбите од Времената спогодба и да не ја попречува нејзината евроатлантска интеграција. На средбата македонскиот претставник во разговорите за името Зоран Јолевски информираше за грчките позиции кои му биле претставени на посредникот Метју Нимиц на последната средба во Њујорк.