САД: изборите на Косово успешни

Соединетите Американски Држави го поздравија успешното спроведување на првите независни избори на Косово. Портпаролот на Стејт Департментот Иан Кели изјави дека локалните избори во неделата претставуваат значаен елемент за Косово да изгради мултиетничко и демократско општество за сите жители.